Средба на дистрибутери на NimaGen 2025 во Nijmegen

Минатата недела, компанијата NimaGen ги пречека своите глобални дистрибутери во Најмеген за неколку интензивни денови исполнети со соработка и размена на искуства.

Програмата вклучуваше ажурирања за развојот на производите, маркетинг иницијативи и најави за претстојни лансирања, со што сесиите понудија значајни и применливи информации. Особено вредни беа и неформалните разговори меѓу сесиите – размена на искуства, предизвици и идеи за иднината.

Од компанијата упатуваат благодарност до сите кои беа дел од настанот. Велат дека е охрабрувачки да се чекори напред заедно и дека со нетрпение ја очекуваат следната средба.